Протест на приватните специјализанти

Писмен договор и измени на Законот за здравствена заштита – побараа денеска приватните специјализанти кои излегоа на протест пред Министерството за здравство . Бараат да бидат платени за тоа што го работат како и останатите нивни колеги.

Од ресорното министерство пак , велат дека приватните специјализанти  ќе почнаат да добиваат плата од фебруари месец.

По средбата со приватните специјализанти – доктори на медицина од конкурсот 2019, постигнавме договор и со кофинансираните специјализанти, со што пристапуваме кон измена на Законот за здравствена заштита, согласно нивните барања” – соопшти министерството за здравство

Приватните специјализанти порача и дека доколку не добијат писмена гаранција дека ќе земаат плата од фебруари  како многу нивни колеги  ќе заминат на работа во странство.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ