Протест на Алијансата пред Општина Гостивар против одлуката на МОН

Алијансата за Албанците пред зградата на Општина Гостивар одржа мирен протест против одлуката на Министерството за образование за одземање на ингеренциите на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

Учесниците негодуваа и на враќање на старите директори во училиштата, на кои градоначалникот им даде отказ, поради наводни злоупотреби.

На протестот присуствуваше и Таравари, кој го повтори ставот дека владата на СДСМ и ДУИ, му ги одзеле надлежностите во образованието се со цел да ја деградираат општината, која што ја води.

Зошто не се одземени ингеренциите на градоначалници во други општини, на пример во Струга. Знаете дека сето ова се прави за да се деградираат и за да се блокира нашата општина.

На протестот зборуваше и Халил Снопче, од гостиварскиот огранокот Алијансата.

Одземањето на ингеренциите е најголема хипокризија на актуелната власт. Дали целта е враќање на анархијата во образованието.

Од Алијанса за Албанците најавија дека ќе продолжат со протести и во наредниот период.

На градоначалникот Таравари минатиот месец му беа одземени ингеренциите во делот на образование. Министерката Рената Десковска посочи дека гостиварскиот градоначалник нема да има можност во наредните 9 месеци да разрешува и именува директори во училиштата.

Таа во Собрание одговарајќи на пратенички прашања, рече ваквата одлука следела откако стигнал дописот од Државната просветна инспекција, која утврдила низа пропусти во работењето на Таравари во делот на образованието.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ