
Протекуваат документи од Јавно обвинителство за случајот „Рекет“
Факсимил од записник за примање на кривична пријава се појави на итнерет порталот „Инфомакс“. На една страница пред обвинителката во предметот Вилма Руковска, бизнименот Орче Камчев појаснува како во неколку наврати од него група луѓе изнудувале пари. Сега осомничените во „Рекет“ Боки 13 и Зоран Милевски во септември 2018-та на Камчев му понудиле бизнис план за продажба на права за некаков тип на Фешн мол за 4 милиони евра. Откако ги одбил се вратиле со нова идеја за изградба на домови за стари лица во Скопје.
„Јас сфатив дека се работи за земање рекет од страна на Бојан, затоа што тој претходно веќе измамил двајца луѓе со истиот договор за лиценца за старечки домови“, и тоа мислам дека се Силјан Мицевски од Битола и еден роднина на Фијат Цаноски од Струга,“ се наведува во Факсмил од Запизника за примање на кривична пријава од Јордан Камчец.
Страницата е фотографија направена со мобилен и завршува на половина реченица, но затоа проталот продолжува да пишува како понатаму течела изјавата на Камчев околу кривичната пријава. Се споменуваат имињата на премирот Зоран зАев, вицепремиерката Радмила Шеќеринска и друи функционери на СДСМ. Тој документот порталот не го прикажува, ниту, пак, наведува дека го поседува. Спомнат во текстот на порталот за вмешаност во „Рекет“, прв тужба најави премиерот Зоран Заев.
„Јас лично, не верувам дека некој од високите функционери на СДСМ е инволвиран, но оставам истрагата тоа да го докаже. Законот важи за сите, без разлика дали е функционер. Ги охрабрувам истрагата, јавното обвинителство, целото правосудство. Наша обврска како извршна власт е да создадеме услови на независна истрага која ќе ги даде сите одговори.“
Обвинителството експресно регираше дека документот е назаконски добиен, и со него се прави штетата на истрагата за „Рекет“ , а се загрозуваат и животите на инволвираните во предмето. Неофицијално, бриферите од обвинтелството на повеќето медиуми објаснуваат дека на втората страница исказот на КАмчев не се совпаѓа со наведенето во информативниот портал.
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и укажува на јавноста дека ваквите неодговорни извори на информации и медиуми со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница. Дотолку повеќе што зад исходот на овој предмет стои посветеноста и енергијата на севкупното обвинителство решено да го оправда своето име и да и застане на патот на корупцијата,“ велат до Јавно Обвинителство.
Документот доѓа ден откако обвинителката во СЈО Лиле Стефанова одговараше на прашања на новинарите до каде е истрагата за предметот „Империја“ во кој се сомничи Камчев дека перел пари заедно со Сашо Мијалков и неколку бизнисмени, а за да излезе од притвор и да го добие пасошот назад платил еден милион евра на Боки 13 и Зоки Кичеец да му помогнат кај Катица Јанева.
„Рекет“ се замрси откако Русковска ја привде Јанева и соопшт идека има докази дека ја злоупотребила службената положба за да влијае Камчев во „Империја“ да зилезе од притвор и да си го добие пасошот назад. Но, како Јовановски и Милевски со месеци собирале пари од бизнимени и им ветувале бизнис идеи за противуслуга требало инстутиците да го откријат пред 4 месеци, реагираат од опозициската ВМРО- ДПМНЕ. УЈП, Финансоватаа полиција и МВР ги имаат одгворите за деталите од „Рекетот“ се вели во партиската изјава на ВМРО-ДПМНЕ.
Павле Беловски