Македонија Протекол ли и исказот на Кичеец од Обвинителството?!
Адвокатот на Зоран Милевски, Кичеец, за Телма вели дека тој не земал примерок од исказот на неговиот клиент, кој е даден во Обвинителството, ниту пак поднел барање за да го земе. Адвокатот, Александар Новаковски, вели дека тој од медиумите дознал дека непознато машко лице се јавило на одбраната на Бојан Јовановски и за пари го понудил исказот на Кичеец кој е еден од осомничените во предметот „Рекет“.
Случајот е пријавен кај обвинителката Вилма Русковска која го води предметот. Исказот на Кичеец е засега непознат за адвокатите на Катица Јанева и Бојан Јовановски, бидејќи Обвинителството реши да не им биде даден на увидот во доказите овој исказ.
Според извори од истрагата, обвинителството дало налог да се проверат камерите во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција за да се утврди дали исказот е изнеен од оваа зграда. Претходно ,,протекоа,, исказите на Орце Камчев и уште еден сведок кој бил сослушан во врска со предметот Рекет. Се уште нема одговор на кој начин излегуваат ваквите документи од истрагата.



