
Просветните работници бараат повисоки плати и сигурни работни места
Вака македонските наставници и административци ја доживуваат својата плата, којашто за првпат по подолго време им се покачи минатата година за 5 отсто. Со паролата Пристојна плата –Сигурни работни места , свирчиња, портокалови елеци и балони од протестниот марш во Штип повторно потестија на своите барања за подобар животен стандард и да се стопира одливот на кадар од овие сектори. Сметаат дека со основна наставничка плата од 23.500 денари немаат пристоен живот.
Првите синдикалисти на Конфедерацијата на слободни синдикати и на СОНК и денеска обвинија на притисоци од власта, за да не се појават наставниците и административците по своја воља на протестниот марш во Штип, кој ги опфати и соседните општини од истокот.
Првиот синдикалист на наставниците, воспитувачите, актерите и на научниците, Јаким Неделков смета дека власта и овој пат нема слух за нивните барања. Час поскоро треба да се седна на маса со ресорните министри и да се разговара за правата на вработените во овие државни сектори.
Неделков бара од министерот за култура да престане да врши селекција на синдикатите и да седне со раководството на СОНК да преговара како репрезентативен синдикат.
Синдикалците не се изненадени што и покрај тоа што ресорните министри беа поканети не дојдоа на протестниот марш во Штип.
Викторија Јованова