
Просветниот инспектор Илиевски се жали на мобинг
Просветникот инспектор Ѓорги Илиевски тврди дека покрај деградирањето на реботното место сега е жртва на секојдневен мобинг од неговите надредени а сето тоа е поради скандалот кој го откри во јавноста со незаконско унапредување во наставно-научни звања на тројцата функционери од ДУИ, Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули. Илиевски обвинува дека се соочува со сериозни опструкции во работењето бидејќи му се одземаат предмети и не му се даваат работни задачи.
Тој е разочаран што надлежните институции не постапиле по неговите преставки и дел од вината ја лоцира кај премиерот Заев и министерот Оливер Спасовски.
Од друга страна пак министерот за образование Арбер Адеми пак тврди дека нема ништо со деградирањето на Илиевски но и дека надлежните институции извршиле проверка и не ги потврдиле тврдењата на просветниот инспектор за противзаконско унапредување.
Инспекторот Илиевски денеска беше примен во германсксата амбасада каде ги бирифирал за случајот со функционерите од ДУИ и за состојбата во образованието. Тој најави и дека ќе бара прием и во Амбасадата на САД.
Огнена Чанчаревиќ