
Просветниот инспектор Илиевски настрада затоа што објавувал записници и имиња на функционери во медиумите
Просветниот инспектор за високо образование, Ѓорѓи Илиевски, кој откри дека министерот за образование и наука Арбер Адеми незаконски е избран во наставно-научно звање доцент на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово во 2017 година, додека сѐ уште бил министер без ресор во Владата, негoвите претпоставени одлучија да го гонат дисциплински. Споделувањето на инфорамциите од скандалот со научни звања на функционери Илиевски не требал да ги кажува на медиумите, вели директорот Томе Спировски.
„Ова се причините за покренувањето на дисциплинската постапка против Илиевски: нецелосно утврдена фактичка состојба при извршен инспекциски надзор во Универзитетот во Тетово; неовластено давање информации во јавноста од негова страна со изнесување состојби во однос на инспекциски постапки вршени од страна на ДПИ кои се во тек, односно немаат правосилност и конечност; прекршување на наредбата од директорот на ДПИ, која гласи: „Секоја информација што се однесува на работењето на ДПИ, а во врска со извршените инспекциски надзори, да не се изнесува надвор од институцијата, без претходно добиена согласност од директорот на ДПИ.“
Постапката е покрената од Африм Саљиу, раководител на Секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски. Илиевски, уште минатиот месец тврдеше дека директорот му се заканувал да ги повлече записниците.
Илиевски ќе се појави на 19-ти месесов пред дисциплинската комисија, а случајот го пријавил кај Народниот правобранител, од каде што побарал нивни претставник на соочувањето. Знае и Државната комисиија за спречување комисија која најави отворање предмет.
Според, невладините, пак, незамисливо е работата на инспекторите да се ограничува преку список на надлежности со кои не е дозволено јавноста да ја знаее вистината, а филтерот да бидат директорите кои ги поставува актуелната власт. Политикологот Миша Поповиќ, во овој случај гледа обид за замолчување и притисок од моќници.
Покрај Адеми, Илиевски откри дека уште двајца актуелни државни функционери исто така незаконито напредувале во наставно-научни звања на Правниот факултет при ДУТ, односно законот го прекршиле заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули.
„Бев замолен да го прикријам целиот случај“, ќе напише Илиевски во сооптшентие до јавноста, бидејќи нашол кршење на Законот за високо образование. Согласно новите законски одредби тоа звањето на заменик министерот Агим Нухиу е законски доделено. Во новиот Закон за високо образование донесен во мај 2018-та година, пишува дека именувано лице за научно звање смее да предава, да држи испити во петок, сабота и недела, но не може да прима паричен надоместок од факултетот, иако тврдењата на вишиот инспектор Ѓорѓи Илиевски, е дека тој во 2017-тата примал парични надоместоци од Тетовскиот универзитет.
Павле Беловски