
Просветниот инспектор Ѓорги Илиевски добил решение со кое се пресраспоредува на друго работно место
Просветниот инспектор Ѓорги Илиевски, кој обелодени дека тројца функционери на ДУИ, министерот за образование Арбр Адеми, заменикот министер за внатрешни Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули, против законски се стекнале со повисоки наставно – научни звања, утрово добил решение со кое се пресраспоредува на друго работно место.
Тој обвинува дека станува збор за одмазда и дека наместо надлежните институции да постапат по неговите наоѓања тие се пресметуваат со него. Го обвини и премиерот Заев дека ги штити функционерите.