
Проширувањето не е приоритет на новата комисија но Хан се надева дека се уште има време за датум
Се поизвесно е дека на агендата на новата Европска комисија проширувањето на унијата може да падне на дното на агендата. Еврокомесарот Хан оптимистички вели дека има уште 4 месеци до тогаш Македонија и Албанија да успеат да добијат датум за преговори. На самитот за Западен Балкан во Познан, тој повторно предупреди дека во спротивно ризично е за целиот регион.
Македонија е во фокусот на самитот во рамки на Берлинскиот процес кој го иницираше Германија. Како признание се смета што заедно со Бугарија следните 12 месеци ќе претседава со Берлинскиот процес. Но главната порака од самитот се очекува утре во Познан од германската канцеларка Ангека Меркел и за Македонија и за сите земји од Западен Балкан.
Од овој самит се очекува и нова европска помош за инфраструктурата на Балканот. Македонија ќе добие околу 40 милиони евра за три проекти.
Сепак корупцијата и недовербата во институциите остануваат најголема болка во сите балкански земји. Според Балканскиот барометар на Регионалниот совет за соработка во Македонија најголема недоверба грѓаните имаат во судството дури 77 отсто, како и во медиумите. Се зголемува и исселувањето на младите. Како излез од овој процес се нуди економската соработка меќу балканските земји со која би се надминале и меѓусебните спорови.
Сања Васиќ