
Пропадна уште една работна средба за законот за ЈО
Kој да подготви амандмани на предлог-законот за јавно обвинителство по јавната расправа – партиите или експертите?
Ова прашање денеска беше причината што пробадна уште една работна средба за законот за јавно обвинителство.
ВМРО ДПМНЕ бараат, министерката за правда да ги повика експертите кои беа на јавната расправа за законот и заедно да подготват амандмани.
Дескоска, пак, им постави ултиматум-до утре напладне, партиите да достават амандмани.
ДУИ начелно го поддржуваат законот, но имаат и свои забелешки.
Пратениците од останатите пратенички групи на средбата дошле со веќе подготвени амандмани. Веќе од понеделник, се најавува уште една средба во поширок состав.
Далиборка Демјанска Цветановска