
Пронајдено телото на актерката Шабани во САД
Полицијата во Лас Анџелес соопшти дека пронашле женско тело за кое се верува дека е актерката со македонско потекло, Адеа Шабани која исчезна пред повеќе од еден месец.
Истражителите веруваат дека станува збор за телото на 25-годишната актерка, но ќе се чекаат дополнителните анализи за да се утврди идентитетот.
Полицијата се сомнева дека Шабани е убиена од страна на своето момче. 33-годишниот Крис Споц викендов изврши самоубиство откако претходно бегаше од полицијата. Според локалните медиуми, постоел сведок кој видел како Шабани била насилно турната во багажникот на автомобилот на Крис.