Пронајдено тело на исчезната жена во река во село во Ресенско

Тело на жена вчера е пронајдено во водите на реката во селото Лева Река, во Ресен, соопшти МВР.

Телото е пронајдено вчера околу 7:30 часот. Станува збор за Б. Ј. (1954) од селото Лева Река, која на 14 март била пријавена за исчезната.

Смртта ја констатирал доктор од ИМП од ЈЗУ-Ресен.

Увид на лице место извршил јавен обвинител и екипа на полициската стабица во Ресен. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ