
Пронајдени 81 мигрант во објект во липковско Ваксинце
Во 5 и 15 часот наутро во кумановско Ваксинце, полицијата пронајде осумдесетина мигранти.
Во објектот каде што биле засолнети, упаднале полицајци откако добиле дојава однадвор. Ваков случај не е прв во ова село во општина Липково. Пред четири години полицијата пронајде 128 мигранти од Сирија, Ирак и други земји.
Сите од мигрантите се од Блискиот исток, а човекот којшто ги сокрил во својот објект во село Ваксинце веднаш е однесен во станица.
Освен во селото Ваксинце, полицијата во минатото наоѓаше мигранти собрани во нечиј објект и во други села во кумановско. Во селото Лојане, пред три години полицијата пронајде 35 мигранти, но не и сопственикот на објектот додека траеше акцијата во помошната просторија – шталата.
Петар Догов