
Промовирани две публикации за безбедноста на новинарите
Високиот степен на неказнивост на нападите врз новинарите беше и остана до денес проблем. Следната година ни претстојат избори што значи тензична атмосфера во општеството и во јавниот дискурс која често вродува со насилство врз нашите колеги е апелот на новинарите до политичките партии своите битки да ги водат чесно со квалтетни дебати, не преку улични пресметки и напади врз новинарите и критичката јавност.
Јавноста, граѓаните и политичките партии треба да разберат дека новинарите не треба и не смеат да бидат напаѓани поради вршење на нивната професија. Од друга страна институциите и правосудните органи мора да ги процесуираат овие напади во најбрз можен рок,
изјави Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ.
Согласно регистрите што постојат исходот на завршени постапки со санкционирање на сторителите на напади врз новинарите и медиумските работници е многу мал е многу мал. Дури не би рекол дека е повеќе од 5 или 10%,
вели адвокатот Игор Марковски.
Најтрауматична ноќ во мојот живот и најтрауматична за сите оние кои беа заробени во собранискиот прес центар е 27 април, каде што се одвиваше крвавата драма, забележа новинарката Душица Мрѓа.
Државата се колнеше дека ќе има правда за 27 април речиси три години подоцна правдата е на климави нозе, вклучително удар и нанесе и амнестијата на дел од одговорните за крвавиот четврток, а новинарите и медумските работници се едногласни дека правдата нив ги одмина, рече новинарката Душица Мрѓа.
ЗНМ денеска промовираше две публикации. „Хроника за (не)безбедноста на новинарите“ на новинарот Зоран Иванов и адвокатот Игор Марковски и публикацијата „Нападите врз новинарите и медиумските работници на 27 април 2017 година“.
Нина Стефанова