Промени на обврската за ДДВ обврзници догодина

Измени во обврската за регистрација на физичките лица како ДДВ обврзници се можни но од следната година. По две недели остри реакции во јавноста, УЈП најави измени во законот но нема конкретен одговор дали ќе се зголеми прагот на два милиони денари. Сигурно е рече Сања Лукаревска дека прагот нема да се намали под еден милион денари.

– Бидејки е започнат фискалниот циклус за оваа година, за следната година ќе го слушнеме она што е најпроблематично од граѓаните и од фирмите ,правиме анализите и со министерството за финансии ќе направиме да се направат бараните законски измени што го кренаа вниманието на јавноста, рече Сања Лукаревска, директор на УЈП.

Дотогаш на сила останува постоечкото законско решение кое се однесува на физички лица кои во изминатата година оствариле промет поголем од 1 милион денари или 83 000 денари месечно.Тие што се регитсрирале до 15 јануари, го испочитувале законот а за сите останати годинава нема да има казнени одредби.

– Анализите што се направени се дека не секој што требал се регистрирал, а требал за да има поволности како правно лице што е ДДВ обврзник. Оставаме простор за доброволно регистрирање и да ги избегнеме санкциите од законот, вели Лукаревска.

Лукаревска е децидна дека платите не се оданочуваат со ДДВ туку дека ДДВ обврзник е секој што врши самостојна стопанска дејност во континуитет. Независно од остварениот промет издавањето стан за домување не подлежи на ваквата обврска како и услуги како што се програмерските кои се вршат кон странски субјект. Поради нејаснотии во законот 13 НВО повикаа на јавна дебата бидејки актуелниот дсаночен систем според нив создава револт и правна несигурност кај граѓаните. Во 2015 како ДДВ обврзници с епријавиле 761 физичко лице, во 2016 1059 а во 2017 1187.До 15 јануари, обврската според бројките на УЈП ја исполниле околу 1200 лица.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ