
Промената на личните документи ќе си ја платат граѓаните
Цената на промената на државното име ќе ја плаќаат и граѓаните. Сметката ќе биде испорачана за 5 години од сега, а владата е децидна дека нема да ги субвенционира наметнатите трошоци од договорот во Преспа. Оние граѓани повозрасни од 27 години кои поседуваат автомобил, а во изминативе неколку години ги обновиле личните документи, најдоцна за 5 години кога истекува рокот ќе мораат да одвојат непланирни 3800 денари.
- Патна исправа 1.600 до 1.800 денари
- Лична карта 190 денари
- Возачка дозвола 390 денари
- Сообраќајна дозвола 200 денари
- Регистарски таблички 1.200 денари
Први ќе трошат МВР за набавка на нови патни исправи и регистарски таблички, а ќе ги добијат оние граѓани на кои редовно им истекуваат, или бараат обнова.
„NMK“ e налепницата која секој ќе ја добие на излез од државата, а ќе трае до истекот на тековната регистрација. Меѓуресорската група ќе има четири бурни месеци за кои ќе треба да креира лого со новото име, димензии на табли, а потоа и да ги закачи на сите институци на централно и локално ниво.
Бошњаковски ги смири жителите на градовите Македонски брод и Македонска Каменица дека нивните имиња не се менуваат. Во историјата заминуваат досегашните имиња Македонска опера и балет, МАНУ и останатите образовни и културни институции коишто користат државни средства. Пари од државата добиваат и политичките партии, а двете најголеми од македонскиот блок со спротиставени ставови.
Според член 1 од Договорот од Преспа придавката македонски, македонско и сл. мора да ја сменат сите приватни субјекти што се поврзани со државните и јавни институции, што се опфатени со закон и имаат финансиска поддршка од државата за активности во странство. Не последни, но засекогаш ќе си заминат банкнотите со Република Македонија чијашто замена ќе отпочне во 2020 година.
Павле Беловски