
Пролонгирано пуштањето за сообраќај на автопатот Штип-Миладиновци
Две нови свлечишта, отсранување на далноводи и врнежливите денови за речиси половина месец ќе го пролонгираат пуштањето за сообраќај автопатот Штип-Миладиновци. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот за државни патишта, Зоран Китанов се пофалија дека од Миладиновци до Свети Николе патувале по автопатот, а на терен се гледа дека на одредени делови се уште се гради од Свети Николе до Штип.
Автопатот Штип-Миладиновци во должина од 49 километри почна да се гради пред четири години, требаше да биде готов во 2017 година, но неговата изградба се пролонгираше до 2018 гопдина. Инвестицијата е 200 милиони евра, пари земени како заем од кинеската Ексим банка.
Викторија Димитрова Јованова