Производителите на сливи повторно го блокираа патот Струмица – Радовиш

И денеска протест на овоштарите од радовишко. По една седмица, производителите на сливи повторно го блокираа патот Радовиш – Струмица. Велат дека интервентните мерки на ресорното министерство не го подобрија откупот, па родот скапува на дрвјата.

Овоштарите сметаат дека немањето стратегија е причина за лошиот пласман, бидејќи сливите се дологогодишни насади и се знае вкупната засадена површина и можните приноси. Оваа состојба според нив е обесхрабрувачка за проширување на посевите.

Владата за стимулација на откупот реши да додели три денари за килограм на производителите доколку сливите ги предадат во преработувачки капацитети, а два денари за откупувачите.

Сузана Мицева

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ