
Прогресивното оданочување се замрзнува до 2023 година
Даночната реформа со која се воведе прогресивното оданочување се враќа во мирување.
Сите мерки од пакетот за прогресивно оданочување се замрзнуваат следните 36 месеци, односно тие ќе бидат системски одложени се до 1. Јануари 2023.
Тоа значи платите над 90.000 денари нема да се даночат со 18%, туку по 10%, а приходите од закуп од 15% паѓаат на 10 %. Се одложува и даночењето на капиталните добивки и на каматите на штедните влогови.