
Прогласена е епидемија на жолтица во Кочани
Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје досега дијагностицирале Хепатит А кај 21 пациент, речиси сите се деца и на возраст од пет до 11 години. Изворот на заразата е нискиот степен на лична и колективна хигиена на една од улиците во ромското маало. Заразата е под контрола, направена е дезинфекција во две училишта, а се работи и на едукација кај населението, со цел да не се шири вирусот на нечисти раце.
На штипското инфективно одделение во моментов се хоспитализирани 10 пациенти од кои девет се деца и едно лице на 30 години, а претходно на ова одделение се лекувале осум лица кои се пуштени на домашно лекување.