
Професорската тројка од економскиот факултет во затвор 7 години и два месеци за поткуп и сексуални услуги
Од 500 до 1.000 евра за шестка или сексуални услуги. Оваа тарифа поктрепна со докази од свецои и материјални докази ја однесе во затвор професорската тројка од економскиот факултет во Скопје. Поранешениот декан Бобек Шуклев доби 2 години затворска казна, а судот денеска им пресуди по 2,6 години и на професроите Славе Ристевски и Драги Јанев. Шуклев не беше пристуен во судницата додека судијата Владимит Туфекџиќ пред загрижените лица на останатите ја соопштуваше одлуката на судечкиот совет.
Додека одбраната најави жалба, обвинителката која што ги гонеше е задоволна од пресудата, но не и од висината на казните кои судот ги правдеше со возраста на обвинетите.
Професорите не ги добивале парите од поткупот директно. Посредувал демонстраторот Драган Денковски кој денеска доби 2 години условна затворска казна ако не стори кривично дело во наредните 5 години. На слободата единствен и се израдува Стојан Дебарлиев кој судот го прогласи за невин бидејќи за него немал доволно докази иако обвинителката со жалба ќе се спротистави на оваа одлука.
Професорите добија и десет години забрана за вршење на дејност, демонстраторот Денковски 5 години. Предметот „Ерасмус“ на јавното обвинителство отпочна 6 јуни 2016 година на Економскиот факултет, а осудените биле следени две години со посебни истражни мерки, а нивното однесувања го потврдија и сведоци. Главниот доказ бил давањето мито преку псоредник со обележеани пари од полицијата.
Павле Беловски