
Професорка од Тетово тужи за мобинг
Професорката Божана Кировска од средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски Амбарче“ од Тетово, обвинува за мобинг од раковоството на училиштето изминативе неколку години.
Вели дека врз неа се вршело притисок да држи практична настава на паралелки на албански наставен јазик кој не го познава доволно и да се откаже од работното место библиотекар, каде работела со пола работно време.
Кировска вели дека неколку години предавала по неколку часа на ученици Албанци, откако нејзин колега почина. Искуството покажало дека поради непознавање на Албанскиот јазик учениците не го совладувале предметот, а поради телесен инвладитет не била способна и понатаму да предава.
Поради ваквите причини оваа учебна година побарала од раководството да продолжи да работи како библиотекар со цело работно време се до нејзиното пензионирање.
Сега Кировска се грижи за библиотеката четири часа и зема половина плата. Вели дека притисокот врз и понатаму продолжил од раководството преку разни начини.
Директорката на средното теткстилно училиште „Ѓоце Стијчевски Амбарче“ Севдије Мустафаи во телефонско разговор не информира дека немало никаков притисок врз професорката, ниту пак некакви пропусти околу добивањето на решение со пола работно време, а тоа како што ни рече го утврдиле просветните и трудовите инспектори.
Кировска вели дека за нејзиот случај ангажирала адвокат и се води судска постапка.
Инаку во оваа образовна установа поради немање на интерес за упис од учениците Македонци, десет години не е формирана паралелка на Македонски јазик.
Зоран Димовски