Професори од двата универзитети во Тетово барале сексуални услуги за полагање на испитите

Професори од двата универзитета Тетово барале сексуални услуги за полагање на испитите.

Ова го покажа  истражувањето што беше спроведено во рамки на проектот проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование“, што го работат Феминистичкиот клуб и Студентскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Нивните бројки покажуваат дека од 334 студенти кои биле анкетирани, 15 навеле дека им биле побарани сексуални услуги. Претежно таквите услуги биле побарани од женските студенти.

– Анкетата во проектот и воопшто информациите кои ги имаме покажуваат дека жените се повеќе дискриминирани. Со оглед дека студентите ги кажале и имињата на професорите, може да се каже дека меѓу нив има и луѓе на високи позиции во државните институции. Ние ќе ги доставиме информациите до управите на Универзитетите и до надлежните институции кои треба да ги процесуираат случаите, изјави Рита Бехадини од Феминистичкиот клуб.

58 % од анектираните студенти одговориле дека со соочиле со некаков вид дискриминација а над 60 % истакнале дека биле дискриминирани лично од професорите .

Од Министерството за образование, упатија повик секој вид дискриминација да се пријави до соодветните институции со цел расветлување на ваквите случаи.

– Ние како Министерство за образование и наука постојано ги мотивираме и стимулираме сите оние таргет групи да пријават до соодветните органи во училиштето или универзитети, се разбира и до другите надлежните инстутуции и до државен просветен инспекторат, секаков вид на дискриминација, истакна Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование.

Податоците од анкетата беа презентирани на тркалезна маса на тема „Родова дискриминација во средното и високото образование“ што се одржи на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Зоран Димовски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ