Професор по филозофија ќе раководи со ЕЛЕМ Турс

Професор по филозофија ќе раководи со ЕЛЕМ Турс. Станува збор за дипломираниот професор Џемаил Јусуфи кој како кадар на ДУИ доаѓа од Државниот универзитет во Тетово каде со години работел како технички секретар и раководител за правни, административни, технички и општи прашања. Јусуфи доаѓа на местото на досегашниот управител Николче Каровски кој по смената од раководната функција ќе остане во ЕЛЕМ ТУРС , но како извршен директор.

Основна дејност на друштвото за туризам и угостителство ЕЛЕМ Турс основано од АД ЕЛЕМ, е да стопанисува со ски центарот Попова Шапка и хотелите Попова Шапка и Славија, потоа ски центарот Копанки, хотелот Молика на Пелистер, автокампот Ливадишта во Радожда, одморалиштата Свети Стефан во Охрид и во Дојран и планинската куќа Маврово.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ