
Проектите со јавно-приватно партнерство, бескорисни?
Проектите склучени преку јавно приватно партнерство се речиси бескорисни. Од досега спроведени 22 проекти, успешен е само еден. Анализата на невладината Аналитика причините ги лоцира во неажурирање на податоците за сумите на договорите склучени меѓу властите и приватниот партнер, времетраењето на проектот, но и во непостоењето на транспарентна методологија со која ќе се утврди дали колку проектот е успешен. Ваквите недоследности и кршења на законите ги препознава и ДЗР, но нивните препораки стојат во фиоките на институциите.
„ДЗР има утврдено дека објекти финансирани со ЈПП се сосема непрофитабилни, не се во корист ниту на општината што го превзела тој договор, ниту на граѓаните. Секогаш има отстапки на договорите, а заради непостоење на транспарентност не може да се види ефектот, кажа Тамара Мијовиќ Спасова НВО Аналитика тинк тенк.
Иако за ваквите проекти кои сами по себе се комплексни пред се заради големата сума пари, страв од корупција не треба да има, велат од Аналитика доколку работите се транспаренти и без однапред познат исход. Препорачуваат ревидирање на законската регулатива со цел предвид да се земе не само интересот на приватниот партнер туку и јавниот интерес.
„Недоволен квалитет на студиите покажува дека немаме квалитет во проектите. Потенцијалот на општините да се диференцира на големи и мали проекти за на крај да се добие ефикасност, кажа Саша Максимовски експерт за ЈПП.
Пример за успешен проект за ЈПП на централно ниво се аеродормите во Скопје и во Охрид, а на локално ниво уличното осветлување во Чаир. Неуспешни и економски неисплатливи пак се депонијата Дрисла, уличното осветлување во Свети Николе и општинската зграда на Ѓорче Петров.
Виолета З Стојановска