
Проект за анализа на бројот на жените жртви на мобинг
Нема точна статистика колку жените биле жртви на мобинг бидејќи не само што тешко се докажува туку и поради притисоците ретко кој се осмелува да го пријави.
Здружението за еднакви права и можности Жените во економијата од Штип преку проект ќе прави анализа колку жените биле жртви на мобинг и во приватниот и во јавниот сектор.
Теренските анкети, институциите и позитивните судски разрешници ќе им помогнат да ги мотивираат жените да го пријавуваат мобингот.
Истражувањата покажуваат дека похрабри се жените вработени во државните институции. Најчесто пријавувале вознимирување на работно место поради партиска определеност.
Според невладините и синдикатите во приватниот сектор бројот на жртви е многу поголем, но според нив тешко се докажува, бидејќи сведоците од страв за своите работни места не сведочат во корист на жртвата.
Невладините организации во првата половина од годината добиле десетина пријави, но за судска разврска се одлучила само една од жртва.
Проектот е поддржан од Фондацијата отворено општество, а ќе опфати истражувања во рамките на Источниот регион.
Викторија Јованова