Продолжуваат заканите кон пратениците и политичарите

Пратениците но и политичарите се уште се под засилено полициско обезбедување. Продолжуваат заканите кои јавно или по социјалните мрежи, дирекно се упатуваат по нивниот живот и имот. Под заштита се 80-те пратеници кои гласаа за потребата од уставни измени, но и партиски функционери.

Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска тврди дека заканите се резултат на организирани дејства и дека е неоходно за ова прашање да се дискутира на политичко ниво.

Во текот на месецов беа поднесени неколку кривични пријави против лица за говор на омраза и закани кон пратеници, за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјалните мрежи.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ