Продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжат судењата за предметите на СЈО „Тенк“ и „Тарифа“.

За „Тенк“ на денешното рочиште искази треба да дадат осум сведоци.

На претходното рочиште беа сослушани тројца сведоци и почна изведувањето на доказите.

Во случајот „Тенк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Ново рочиште денеска треба да се одржи и за случајот „Тарифа”. Специјалното јавно обвинителство за овој случај сомничи три лица поради постоење основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба во постапка по јавна набавка на софтвер – ЕРП систем за потребите на АД ЕЛЕМ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ