Продолжуваат да дивеат пожарите низ државата

Продолжуваат да дивеат пожарите низ целата држава. Од Дирекцијата за заштита и спасување вчера цел ден ги гаснеа пожарите. 12 летови и 30 тони вода биле ифрлени во местото Орашец во општина Чашка, местото Рамно во општина Македонски Брод и во струмичко Ново Село. Активни се пожарите на територијата на Јабланица и Крушево.

Во текот на вчерашниот ден се смирија пожарите во Беровскиот регион. Тука се изгорени дабова и букова шума и ниско стеблести растенија. Се уште не се знае колкава површина е уништена во огнената стихија, а штетите дополнително ќе се утврдуваат. Според статистиката на беровската подружница на Македонски Шуми за три месеци тука имало вкупно 60 пожари. Сите ги предизвикале земјоделци што палат пасишта, пред почетокот на сеидбата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ