Продолжува судењето за смртта на малата Тамара

Сведоците на одбраната , вината за смртта на Тамара Димовска деветгодишното девојче со сколиоза кое не дочека да отиде на лекуваање во Истанбул ја адресираа до нејзината мајка , која пак три години талкаше низ здравствениот систем за малата Тамара да се оперира во странство.

Сведокот, Бранко Аџи Гогов вработен во Фонд за здравствено осигурување денеска во судницата тврдеше дека мајката на Тамара се „пазарела“ со фондот нејзиното дете да се лекува во болница во Америка или во Германија каде имала блиски луѓе кои би можеле да ја симнат цената за операција.

Аџи Гогов  додаде и дека на средбата со Димовска таа од него барала да биде медицински азилант бидејќи и помала керќа и е болна.

Екс портпаролот на Фондот за здравство во ниеден момент не отстапи од тврдењето дека на таа средба, еден месец пред да почине малата Тамара , мајка и го видела одобрувањето за лекувањето во Турција но одбивала да ја испратат таму.

На листата на сведоци е и Јован Грповски, државен советник во министерството за здравство кој во периодот од 2012-та до 2013-та беше директор на Фондот за здравство.

Тој во судницата кажа дека во јанури 2013 година, неколку месеци по неговото доаѓање на оваа функција било донесено првото позитивно мислење за лекување на Тамара во странство.

Што се случувало понатаму одговори дека не знае, оти откако си отишол од директорска фотелја за овој случај се информирал само преку медиумите.

Како сведок денеска беше сослушана и лекарката од велешката итна помош Јадранка Мишкова.

Кај неа Тамара била донесена во  февруари 2015та, истиот ден кога девојчето почина. Мишкова во својот исказ кажа дека при прегледот забележала дека девојчето нема пулс и дека не дише.

Лекарите и сестрите кои биле на смена биле немоќни да ја спасат, и  ја  испратиле во општата болница во Велес.

За смртта на Тамара Димовска која чекаше државата да и одобри лекување во странство обвинети се доктори од двете комисии и екс директорите на фондот за здравствено.

Во тоа време министер беше Никола Тодоров па во кривичната која ја поднесоа родителите и хелсиншкиот комитет го имаше и него. Обвинителството не пронајде елементи за вина кај него но ги обвини лекарите и директорите.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ