Продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за насилниот упад во Собранието минатата година. Случајот се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.

Судијката Добрила Кацарска минатото рочиште го одложи поради влошена здравстевна состојба на обвинетиот Сашко Марковски, кој на рочиштето во вторникот со екипа на Брза помош беше пренесен во болница.

За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ