Продолжува судењето за „Монструм“

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско езеро. На претхдното рочиште исказ даваа вештаци вработени во ДНК лабораторијата при Министерството за внатрешни работи. Вештаците кажаа дека во возилото „опел омега“ биде утврдени четири ДНК профили, меѓу кои и на обвинетиот Алил Демири.

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, побара од Судот да одговори до каде е постапката за екстрадиција на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово. Судијата Огнен Ставрев кажа дека Министерството за правда побарало екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ од Косово, но оти се уште нема одговор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ