Продолжува судењето за „27-ми април“, ќе сведочи Трајко Вељаноски

Продолжува судењето за насилниот упад во собранието на 27-ми април. Поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски е повикан како сведок од страна на поранешниот шеф на неговото обезбедување, обвинетиот Горан Ѓошевски. Претходно во доказната постапка, од страна на Јавното обвинителство беа презентирани пораки од одземениот телефон на Вељаноски.

На вчерашното рочиште исказ даваше телохранителот на поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков. Сведочењето беше различно од она што претходно пред судот го тврдеше Александар Василевки Нинџа. Имено, Никола Димитриевски тврди дека Чавков не бил во седиштето на ВМРО ДПМНЕ, како што кажа Нинџа, туку во неговата канцеларија, која е на 50-тина метри од седиштето на партијата…

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ