Продолжува работата на заедничката комисија за историја со Бугарија

Заедничката Комисија за историја со Бугарија утре во Охрид треба да одржат нова средба, неколку дена откако бугарската влада ги испорача условите околу македонскиот јазик, малцинството, но и за нејзината работата околу усогласување на  заедничката историја до 1944 година.

Во пресрет на состанокот со македонските претставници во Комисијата средба најави и премиерот Заев.

Премиерот не кажа детали со каква порака ќе настапи пред Комисијата, но денеска јасно кажа оти на условите од Бугарија гледа во контекст на предизборниот период во кој таа се наоѓа. 

Заев иако не откри што ќе разговара со Комисијата, јасно е дека повлекување од нејзината работа и од Договорот за добрососедство нема да има. 

За Комисијата рече дека постигнала согласност за шест историски личности и четири периоди, а сега на ред доаѓа петтиот период, кој не е лесен, но што не значи дека нема да се постигне решение.

Она што Бугарија треба да го имплементира од Договорот, како што рече Заев, е поддршката за интеграција на земјава во ЕУ и НАТО. Тој очекува на претстојниот Европски освет Бугарија да биде една од оние змеји која ќе се борат за Македонија повеќе од другите.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ