Продолжува преписката на партиите за „Рекет“

Продолжува преписката на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за тоа кој бил вмешан и кој се сретнал со двајцата осомничени.Опозициската партија упати неколку прашања до портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, какви се фотографии, материјали и тонски записи постојат за него во еден од телефоните на осомничените во случајот „Рекет“.

Стоилковски ја погрешил адресата  а прашањата требаше да му ги постави на Мицкоски, возврати СДСМ.

„Залудни се обидите на ВМРО ДПМНЕ да ги заштитат криминалите од режимот. Лажните вести не можат да ги променат фактите. Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот Рекет но и за сите останати случаи во кои се инволвирани поранешни функционери токму од ВМРО ДПМЕ“, велат од СДСМ.

Алтернатива бара да се забрза истрагата за ,, Рекет,, никој да не биде амнестиран затоа што во спротивно селективната правда ќе ја  урне  државата.

Брзо дејствување на истражните органи и одговорност побараа и Алијанасата на Албанците и Беса.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ