
Продолжува преписката меѓу Шилегов и ЦР за Дрисла
Продолжува преписката помеѓу Град Скопје и Централниот регистар, откако Шилегов побара Дрисла да стане јавно претпријатие, а од Регистарот му возвратија дека такво нешто не е во согласност со законите. Во овој момент со Дрисла се уште управува италијанската ФЦЛ Амбиенте иако фирмата пред две години го загуби судскиот спор откако се докажа дека имало неправилности во тендерската постапка.