Продолжува ослободувањето од работа на хронично болните и родители со деца до 10 години

Хронично болните лица, родителите на дете до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои користат дневен центар, лицата кои одат на работа со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, се ослободени од работа или доколку има можност да работат од дома.

Владата по барање на Министерството за труд и социјална политика, ја продолжи мерката за ослободување од работа на наведените категории граѓани сè додека Комисијата за заразни болести подготви соодветни протоколи за работа, дејствување и однесување на работно место за овие категории граѓани.

Министерството за труд и социјална политика притоа укажува дека работодавачите имаат обврска да ја почитуваат мерката за ослободување од работа на наведените категории граѓани

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ