
Продолжува објавувањето нови „бомби“ на ФБ
Не запира објавувањето на нови „бомби“. Денеска на социјалната мрежа фејсбук биле објавени неколку нелегално прислушувани разговори но веднаш отстранети. На фејсбук профилот на еден од осудените за настаните во Диво Насеље може да се забележи само последната објава која сега веќе е недостапна во која напишал дека нема да запрат додека не добијат меѓународна истрага за случајот на кумановската група. Се заканува дека ова е само почеток и повикува неговата објава да се споделува. Фокус пак пишува дека објавувачот имал закачено неколку нелегално прислушувани разговори, за последниот кој го постирал, напишал дека е меѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, а зборуваат за Блерим Беџети, поранешниот министер за правда. Втората бомба е на албански јазик, а објавувачот тврди дека зборуваат Муса Џафери и Бкир Асани.