
Продолжува ли легализацијата на дивоградби!?
„Возење со чамец – Ќенан“ – ова единствениот достапен податок на интернет за лицето кое развозува и забавува туристи со чамци на езерото Матка. Но, зошто истиот назив стои и на објектот кој деновиве никна на метална платформа над езерото, не знае ниту самиот Ќенан. Во кус телефонски разгворо, вели, дека тој не гради ништо, и не знае кој и што гради во заштитетното подрачје. Денеска Ќенан го немаше на градилиштето. Ги немаше мајсторите, но металните конструкции, дрвената платфорома и алатот сведочеа дека овде се гради. Според скопскиот градоначалник Петре Шилегов и градските инспектори, се гради дивоградба. Иако не може, тој сака да ја урне.
Надлежната општина Сарај молчи со денови. Во кус одговор без детали, велат дека биле, виделе и констатирале дивоградба. Не издале никаква дозвола. Но, одбегнуваат да одговорат дали ќе го рушат монтажниот објект. Додека, Ќенан гради, а надлежните си ја префрлаат одговорноста, повеќето градоначалници побараа законско решение за легализиирање на дивоградбите. Не, по едно евра за метар квадратен, туку најмалку 50 отсто повисоки комуналии за една дивоградба. Градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Шилегов тврди дека нема да дозволи бесправно градење, но сеуште е нејасно кои објекти ќе се легализираат, а кои уриваат.
Во државата штрчат над 70 илјади дивоградби, од балкони, надворшени тоалети, до станбени повеќекатници. Формулата е едонаставна ако се прифати моделот којшто се заговара во ЗЕЛС. Сегашната пресметка за куќа од 120 квадрати со поткрвје, балкони и гаража по различни основи за премстка чини 438 илајди денари, тогаш оние кои граделе без дозвола за истиот објект ќе треба да платат над 700, 000 денари за легалзација плус дополнителни административни трошоци.
Павле Беловски