
Продолжува дебатата за законот за јавно обвинителство
Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи расправата за законите за Јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители.
Владејачкото мнозинство со поддршка за законот за јавно обвинителство, додека опозицијата побара тој да биде тргнат од дневен ред. Министерката за правда Рената Дескоска рече дека законот создава основи за градење силно, професионално, ефикасно и капацитетно Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
– Целта беше да се зголемат професионалните стандарди во Јавното обвинителство, но и да се овозможат средства за тоа да си ги врши своите надлежности, рече таа.
Во овој закон се создадени услови кои се на некој начин гаранции на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели министерката, кое треба да ги гони евентуалните кривични дела на носители на висока власт, но и да ги продолжи делата, предметите кои беа почнати од СЈО.
Законот можно е да се најде на собраниска седница во четврток, но и натаму виси обезбедувањето 2/3-тинско мнозинство за гласање.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ вршат притисоци врз некои пратеници да не дадат подршка.
Покрај Беса и Алијансата, неизвесна е и подршката на Елизабета Канческа Милеска од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.