
Продолжува да гори депонијата кај струмичко Добрашинци
Втор ден гори депонијата кај струмичко Добрашинци. Огромен чад се извива над Струмица, а блиските села буквално немаат воздух од тешката миризба што се шири од депонијата.
Јавното претпријатие „Комуналец“ од Струмица тврди дека намерно е запалена.
Ова не е првпат да гори депонијата „Шапкар“. Ова е честа слика особено во летниот период, кога има многу случаи на самозапалување. „Шапкар“ е предвидено да биде регионална депонија и таму да се депонира отпадот од целиот југоисточен регион.
Засега сепак, нема решение кој и како ќе управува со неа.
Сузана Мицева