
Продолжува аргументирањето за и против една изборна единица
Манипулација со помалите партии и со граѓаните. Вака ВМРО-ДПМНЕ го оценува инсистирањето на премиерот, да се поддржи предлогот на 16-мината пратеници, Македонија да биде една изборна единица, без изборен праг. Повторија дека Изборен законик не се менува шест месеци пред избори.
На промената се противат и ДУИ, но и помалите партии на Албанците, освен Алтернатива, кои се потпишаа на иницијативата. Од БЕСА имаат свои услови.
Премиерот минатата недела изјави дека, со промената на изборниот модел сака да ги мотивира неопределените гласачи да излезат на гласање и да го дадат својот глас за некоја од помалите партии, кои со овој модел добиваат шанса да влезат во Парламентот. Проценките се дека, со една изборна единица, најголемите партии би изгубиле по две-три пратенички места, кои би отишле на контото на помалите партии.
Далиборка Демјанска Цветановска