Продолжен полициски час во Куманово – од вечерва во 21 часот до понеделник наутро

Владата ги замрзна активностите за кумановци во текот на викендите. Продолжен е полицискиот час во градот.

Од вечерва, до понеделник наутро, граѓаните не смеат да излегуваат од дома. Нема карантин како што бараа општинските власти, но на сила се нови рестриктивни мерки, испровоцирани од последниот биланс новозаболени пацинети со Ковид 19.

Половина од потврдените во изминатото деноноќие се од Куманово.

Редовните активности кумановци сега ќе мора да ги стават на пауза до почетокот на неделата, а се скусуваат часовите на движење и за време на работните денови. Полицискиот час ќе почнува пет часа порано.

Од понеделник, по 16 часот, на кумановските улици смеат само граѓаните со итни медициски потреби.

На кумановци имаат само неколку часа да се подготват за продолжениот полициски час.

Се` понеизвесно станува и функционирањето на кумановската болница, откако во изминатото деноноќие, корона-вирусот е потврден кај нови 11 здравствени работници.  Бројката новозаболени ја компромитира работата на инфективното одделение,  категоричен е министерот Филипче.

Владата најави засилување на болницата со кадар, која во моментот работи со значително редуциран перонал. Со 4-рицата претходно потврдени случаи, во моментот 15 здравствени работници од кумановската болница се позитивни на Ковид 19. Меѓу новодијагностицираните се инфектолог и две медицински сестри, три докторки од хирургија, и тројца од Рендген, кои, иако имале доволно опрема за безбедна работа, не ја користеле во текот на целото работно време.

Захариева објаснува дека две од заразените докторки на хирургија биле на патување во Холандија, но не биле во контакт со пациенти, бидејќи веднаш по враќањето се ставени во карантин. И третата докторка од хирургија не одела на работа, бидејќи корона-вирусот во меѓувреме бил потврден кај членови на нејзиното семејство.  Сестрата од неонатологија пак се заразила од инфектолог кој бил на конзилиарно мислење, немал симптоми на болеста и не знаел дека е позитивен на Ковид 19. Инфекцијата му е откриена при рустинско тестирање, бидејќи бил во контакт со првата почината пациентка од Ковид 19.

При обидот за нејзина реанимација се заразиле и специјализант во болницата и медицинска сестра.

Захариева потенцира и дека пациентите во кумановската болница доаѓаат доцна и во многу тешка здраствена состојба.

Во моментот таму се лекуваат 20-мина со потврден Ковид 19.

Весна Јовановска Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ