Продис ќе плати пенали од 156 840 евра

Фармацевтската компанија Продис на државата ќе и плати 156 840 евра оштета поради неисполнети обврски од договорот за инвестирање во ТИРЗ Скопје.Продис имал обврска за една година да вработи 100 луѓе , но во 2015 и 2016, не го испочитувал договорот.

„Согласно податоците што ги имаме биле вработени 40 лица во текот на овој период. Заради тоа Агенцијата за странски инвестиции почна постапка за наплата на средства поради активирање на договорени пенали за овие две години“ рече Бошњаковски.

Погонот на Продис во Бунарџик беше затворен уште во 2016 година а вработените со месеци немаа земено плата.Според уверувањата на владата, погонот функционира но со значително помал капацитет.

Фабриката Продис како инвестиција на рускиот фармацевтски холдинг Протек груп, беше отворена во октомври 2012 година.Проблемите во јавноста  почнаа да излегуваат во 2015 кога вработените се жалеа дека со месеци не земале плата, дека производството е сопрено а магацините се полни со залихи и дека растат долговите на Продис кон неколку домашни компании. Менаџменот уверуваше дека се бара нов сопственик и дека ќе продолжат со произведството на хомеопатски лекови, органски и неоргански производи и чаеви. Тогашната влада се прогласуваше за ненадлежна за случувањата во компанијата,  иако ги потпиша договорите за долготраен закуп на државно земјише и за доделување државна помош.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ