Проблемот со откупот на сливите е резултат на погрешните политики, вели министерот Николовски

Производителите на сливи денеска мируваат и ги чекаат откупвачите да излезат на терен, но денеска од Штип, министерот за земјоделство Љупчо Николовски им порача дека сегашниот проблем со откупот е резултат на криминалните и погрешни политики кои претходната власт ги водела изминатите 11 години. Без како што вели тој, да се прави план за договорно производство и каде ќе биде пласирано.

Тој забележува дека оваа година производителите на сливи кои имаат еден до пет хектари добиваат 20 % зголемени субвенции, како и дополнителните пет денари за сливарите и откупувачите. Николовски вели дека сливата во делчевскиот регион се уште не е во состојба да се откупува од страна на откупувачите.

Производителите од Пијанец најавија дека доколку до утре не почне откупот на сливи во овој регион, повторно ќе излезат на протрести и ќе ги радикализираат.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ