Проблемот со кучињата скитници во Тетово и натаму без решение

Заврши и вториот тендер за заловување и згрижување на кучињата скитници. Но, низ градот сликата не е многу подобрена.

Се уште низ јавните површини има бездомни животни. Од ветеринарната амбуланта велат дека со парите кои ги добиле од општинските власти и за двата тендери не можеле да го решат проблемот.

Од Амбулантата се надеваат дека наскоро ќе биде објавен третиот тендер за заловуавње и згрижување на кучињата скитници, во кој ќе биде предвидена поголема сума на пари.

Од Општина Тетово велат дека во тек е процедурата за нов тендер за фирма која ќе се згрижи за кучињата скитници во градот, а повикот се очекува да биде пуштен во следниве неколку дена.

За оваа намена од буџетот на општина Тетово за 2020 година издвоени

се 1 милион денари.

Веќе во месец јули годинава се очекува и завршување на работите околу новиот стационар за кучиња и истиот во тој период ќе биде пуштен во употреба со што се надеваме дека трајно ќе се реши овој горлив проблем на Тетово, потенцираа општинските власти.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ