Проблемот со ѓубрето на клинички сеуште не е решен

Канти без дно, ѓубре растурено под нив и околу нив, отпадоци расфрлени по тревниците, полни канти и  полни контејнери. Ова е сликата која се повторува секојдневно на клиничкиот центар “Мајка Тереза”. Не помогнаа ниту викенд акциите на Министерството за здравство, ниту помошта од Комунална хигиена и останатите јавни претпријатија. Граѓаните согласни дека две причини предничат за ваквите секојдневни грди слики:  некултурното однесување на поединци и ненавременото чистење на  службите задолжени за тоа.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека проблемот е настанат поради префрлањето на ингеренциите во изминатите години помеѓу институциите. По поништениот тендер пред неколку месеци, министерството се труди да најде трајно решение без распишување на нови тендери.

Од Јавното претпријатие “Комунална Хигиена” обвинуваат  дека клиниките им должат над 30 милиони денари, но покрај тоа и понатаму ќе помагаат во чистењето на  Клиничкиот центар.

Пред неколку дена средношколци од Холандија кои работеле на проект на детската клиника, згрозени од лошата хигиена во дворот на Клиниките  самоиницијативно го чистеа ѓубрето.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ