
Проблемот со брашното го прават фирми кои не го почитуваат законот
Проблемот со увозот на српско брашно го прават неколку фирми од Македонија.Асоцијацијата на земјоделци обелоденовува дека станува збор за фирми кои годишно увезуваат околу 10 000 тони брашно кое со шлепери директно го носат во пекарите или на рафтовите во продавниците без да ги чекаат резултати од анализата за квалитет. Ваквата пракса со години била толерирана од страна на државата и никој не реагирал, велат тие иако мелничарите алармирале во повеќе наврати дека граѓаните јадат непроверено брашно
“Тоа се фирми што сакаат да увезуваат брашно и да не плаќаат давачки,го заобиколуваат законот и прават нелојална конкуренција на тие што работат домаќински.Едните го чуваат во складови а др го носат во пекари. Ова не е политички проблем туку притисок од фирмите кои работат нелегално и на криминален начин сакаат да дојдат до повеќе пари, вели Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци.
Вчера и српскиот министер Расим Љаич посочи дека проблемот со брашното го прават тројца мелничари од Македонија кои имаат економско и финансиско влијание со што успеваат да наметнат вонцарински бариери.МИнистерот Николовски не обелоденува кои се тие но потврдува дека изигрување на законот и правилниците во делот на контрола на увезеното брашно,прават поединци
„Не штитиме интереси на никого. Поединци вештачки создаваат притисок,праќаат дописи во Србија затоа што не им одговара да работат по правилник. Тие сами кажуваат дека брашното директно го носеле во промет, вели Министерот Љупчо Николовски.
И Љаич и Николовски се единствени во ставот дека до 14 април треба да се најде трајно решение за да не се повторува овој проблем секоја година.Засега останува одлуката за брашното од 1,3 и 5 килограми маркичките да се лепат во Србија а за поголемите пратки во Македонија и не се исклучува опцијата за целосно укинување на маркичките
Виолета З. Стојановска