
Привршуваат археолошките истражувања кај експресниот пат Штип – Радовиш
Штипските и струмички археолози кои работат заеднички на локалитетот „Пилав тепе“ на трасата на новиот експресен пат Штип Радовиш, открија скелет на коњ, стар 2.400 години. Според археолозите ова открие е ретко.
На овој локалитет се откриени и два гроба од доцниот римски период, садова керамика, која датира од праисторијата и три објекти, за кои археолозите претпоставуваат дека се урнале при земјотрес.
На овие истражувања работеа 100 работници и 20 стручни лица. Заштитните археолошки истражувања на четирите локалитети на новиот експресен пат Штип – Радовиш треба да завршат наредната недела, а ги финансира Јавното претпријатие за државни патишта.
Викторија Димитрова Јованова