Приведени седум полицајци кои правеле забава во с.Куклица

Седум полицајци се приведени во кратовското село Куклица, бидејќи на приватен имот правеле забава непочитувајќи ги мерките за заштита од Ковид 19. По пријава до полицијата  во Кратово, на лице место со налог од јавен обвинител, интервенирале полициските служби.

„На приватен имот во село Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност и кои биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик“ – потврди МВР од каде велат дека Внатрешната контрола и и инспектори од соодветните организациони единици се работи на расчистување на случајот.

На 02.06.2020 околу 21.00 часот било пријавено во ОВР Кратово дека полициски службеници прават забава во с.Куклица, кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од Covid 19.

Веднаш се преземени мерки и известен е Јавен обвинител, по чии насоки на местото излегле полициски службеници и на приватен имот во с.Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност и кои биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик. Од страна на Одделот за внатрешна контрола при МВР и инспектори од соодветните организациони единици се работи на расчистување на случајот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ